H&M направи линија облека направена од овошје и алги

- Advertisement -

Многумина се сеќаваат на фустанот на Лејди Гага од месо, па кога некој ќе ви каже дека можете да купите облека направена од овошје сигурно нема да ви текне на тренди облека како таа на H&M. На 11 април модниот гигант H&M ќе ја претстави деветтата линија Conscious Exclusive, но годинава компанијата склучи партнерство со компании за еколошки текстил за да направи револуционерна технологија за правење облека од отпад од храна.

Еколошкиот текстил направен од отпад од овошје е најновата технологија во модната индустрија, вклучувајќи и веганска кожа направена од листови од ананас на компанијата Piñatex, алтернативата за свила направена од лушпи од портокал на компанијата Orange Fiber и ѓоновите за чевли направени од алги на компанијата BLOOM Foam.

- Advertisement -

Сите тие органски материјали, кои инаку се сметаат за отпадоци при производството на ананас, сок од портокали и пренаселеноста со алги, би завршиле на депонија, а сега се преработуваат во фабрики за да не се распаднат додека ги носите.

Како и во обичните фабрики за производство на текстил, овие еколошки материјали се обработуваат за да се спречи распаѓањето. H&M е еден од најголемите модни брендови со повеќе од 4.433 продажни места во светот на речиси 50 пазари. Линијата Conscious Exclusive е експеримент со одржливи технологии кои инаку не привлекуваат многу внимание од ограничените бутик пазари.

- Advertisement -

Според Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени, брзата мода придонесува со околу 10% во емисијата на стакленички гасови и троши повеќе енергија отколку воздухопловството и индустријата за транспорт заедно. Освен тоа, 20% од отпадните води во светот доаѓаат од модната индустрија, а на крајот сепак 85% од текстилот завршува на депонија.

Шведската компанија сериозно е посветена на целите за одржливост. На пример, H&M тврди дека 57% од облеката која ја произведува доаѓа од рециклирани или реупотребени извори.

Сподели!
- Advertisement -