Над Северниот пол се појави озонска дупка

- Advertisement -

Германски научник тврди дека ја открил првата дупка во озонската обвивка над Северниот пол. Во последните две недели дебелината на озонската обвивка на Арктикот била помала од дебелината на обвивката над Антарктикот, каде што се наоѓа озонската дупка, вели Маркус Рекс, водител на Отсекот за атмосферска физика на Институтот Алфред-Вегенер.

Во зоните каде што дебелината на озонската обвивка е на својот максимум, загубата е околу 90%. Станува збор за регион кој е трипати поголем од Гренланд. Вкупно со озонската дупка е зафатена површина од 20 милиони квадратни километри или 10 пати поголема од површината на Гренланд.

- Advertisement -

Според Рекс, до дупката дошло поради исклучително јакиот поларен вртлог оваа зима и ниските температури во стратосферата, каде што е сместена озонската обвивка. Моментално тие воздушни маси уште се концентрирани над Арктикот и затоа луѓето во Европа не мора да се грижат дека побрзо од порано можат да изгорат ако седат на сонце. Сепак, можно е тие воздушни маси во април да се преселат од Арктикот кон Европа, вели Рекс.

Производството на гасови и соединенија кои ја уништуваат озонската обвивка е забрането пред доста години и без таа забрана озонската обвивка би била во многу полоша состојба. Но, Рекс вели дека тие гасови се задржуваат доста време во атмосферата.

Сподели!
- Advertisement -