Ова е Limo-Jet, првата и единствена авион-лимузина во светот. Станува збор за авион претворен во целосно функционална лимузина. Телото на лимузината е од авион „лир џер“, а моторот кој ја придвижува е Vortek 8V мотор на бензин. Лимузината е долга речиси 13 метри, висока околу 4 метри, a тежи речиси 6 тони.
Сопственик на уникатната комбинација од авион и лимузина е компанијата Jettersetter. Моментално ова е единственото вакво возило во светот. Од компанијата велат дека возилото ги исполнува сите услови за да може да вози по градските улици.
Главната улога на возилото ќе биде да прави тури низ САД. Едно е сигурно – ќе привлече внимание каде и да се појави. Возилото може да се изнајми за приватни настани.
The World's First & Only Limo-Jet
Jet transformed into a fully functioning limousine!
Posted by Startup Selfie on Петок, 05 април 2019