Минатата недела се реализираа завршните настани во рамките на проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“, финансиран од Европската Унија, преку ИПА програмата. Првиот настан на 04.04.2019, беше за затворање на проектот и презентација на реализираните проектни активности и постигнати резултати, во изминатите 15 месеци, со присуство на социјалните партнери, вклучените стејкхолдери и медиуми, за појасна слика за важноста на проектот WE MAKE за развојот на женското претприемништво, со увид од страна на проектните партнери – организациите имплементатори, за проектните цели, активности и резултати, како и споредба со политиките за конкурентност во женското претприемништво и улогата на граѓанскиот сектор во Република Хрватска.
Вечерта, во присуство на претставници од донорите, високи претставници од дипломатијата, државните институции, стратешките партнери и поддржувачи и спроведувачи на проектот, се одржа Свечена церемонија за доделување на WE MAKE награди за најуспешните жени претприемачки, во 9 категории. За таа цел претходно, во месец март 2019, беше објавен Конкурс за доделување на награди за најдобри жени претприемачки во следните категории:
– Start up компанија
– Иновативна компанија
– Агро бизнис
– ИКТ и СТЕМ
– Зелена економија
– Експорт
– Компанија со најголем успех основана од млади (до 30 години)
– Компанија со најголем успех во изминатата година
– Социјало претпријатие
На настанот исто така се презентираа резултатите и реализираните активности. А присутните локални координаторки, од осумте плански региони, накратко ја пренесоа сликата од влијанието и прифаќањето на проектот WE MAKE во нивниот град и регион. Збор имаа и имплементаторите на проектот, г-а Валентина Дисоска од Здружение на бизнис жени и г-а Мери Ен Рукавина Ципетиќ од ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска, како и дел од гостите и високите претставници – од ЕУД, Министерството за економија и др.
Како атрактивен и повеќенасочен проект за јакнење на женско претприемништво WE MAKE придонесе за зголемена конкурентност на жените и женските бизниси. При неговата успешна имплементација во изминатата 2018 година, заклучно со Април 2019, со бројни различни активности, настани и големо влијание во целата земја, се поттикнаа многу млади девојки и жени. Проектот се реализираше со вклученост на жени и девојки, од сите осум плански региони. Организациите спроведувачи, ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска и Здружението на бизнис жени, заеднички и координирано спроведоа голем број на активности, во повеќе модули и фази, во кои беа вклучени членките и поддржувачите на Здружението на бизнис жени, постоечките и нови општествени партнери, со цел да се подобрат можностите на младите жени и девојки, за подобрување на нивната компетитивност, за започнување или раст на сопствени бизниси, за извоз и поврзување на компаниите во сопственост на жени, во кластер за женско претприемништво.
Во периодот од март 2018 до април 2019, се одржаа повеќе од 70 промотивни и едукативни настани, како и округли маси и работни состаноци, во сите 8 плански региони, во присуство на повеќе од 1400 жени и девојки, како и повеќе од 300 претставници од општините, институциите, локалните и регионалните тела, локалните граѓански организации и бизнис заедницата. Проектот WE MAKE има и пошироки рамки. Снимени се 8 кратки филма со успешни жени претприемачки. Креирана е и лансирана WE MAKE веб платформа, предвидена за вмрежување, промоција и полесна соработка на жените претприемачки, со можност да отворат свој профил преку кој ќе можат да се промовираат, но и да пристапат до базата на жени претприемачки, ментори, консултанти, онлајн обуки, и сите споделени информации и тековни активности.
Фотогалерија од наградените претпријатија:
ВИДЕО од настанот
https://www.facebook.com/180063836052297/videos/413233526146058/?t=3
Повеќе информации поврзани со проектот, може да најдат на линковите на проектот WE MAKE:
https://www.facebook.com/WE-MAKE-Women-Entrepreneurship-for-Competitiveness-180063836052297/
и на фб страната на Здружението на бизнис жени:
https://www.facebook.com/AssociationofBusinessWomenMacedonia/