Во Норвешка заврши изградбата на највисоката дрвена зграда во светот

- Advertisement -

Минатиот месец зградата Mjösa Tower стана највисоката дрвена зграда во светот со 18 ката и висина од 85,4 метри. Веднаш по неа е дрвената зграда HoHo Wien во Австрија со 84 метри и манастирот Пери Шепинца во Романија со 75 метри. Бидејќи делумно е направена со Kerto LVL дрво, кое е истовремено и одржливо и еколошки, зградата истовремено е и еколошка.

И конструкцијата и фасадата на зградата се направени од дрво, додека на повисоките катови платформите се направени од бетон за да се спречи нишање. Долните осум ката најголем процент се направени од Kerto LVL дрво и таму ќе бидат сместени хотел и канцеларии. Бидејќи дрвото е со висок квалитет, но е доста лесно, изградбата на ваквите згради е побрза и не се трошат толку ресурси.

- Advertisement -

Со оглед на тоа дека станува збор за дрвена зграда, Mjösa Tower е дизајнирана со посебна заштита од пожар. Освен тоа што има посебен систем прскалки за гаснење пожар, секој кат е направен од дрво кое е отпорно на оган барем 90 минути.

- Advertisement -

Според компанијата која ја направи, финската Metsä Wood, кога дрвото од кое е направена зградата ќе дојде во контакт со оган, поцрнува од надворешната страна и самото создава заштитен слој. Kerto LVL е ламиниран фурнир, направен со лепење тенки парчиња меко дрво . Многу е црвст, издржлив и не се витка.

- Advertisement -

Освен тоа, финската компанија Metsä Wood го произведува користениот материјал во изградбата со 100% биоенергија и без никаков или со малку отпад. Деловите од дрвото кои не можат да се искористат во производниот процес потоа се користат или за пелети или за биоенергија која ја напојува мелницата.

Но, не само тоа. До мелницата има фабрика за биогреење која се користи за енергија за производство, а вишокот енергија се дава на соседниот град Лоха. Компанијата Metsä Wood дефинитивно има голем придонес во остварувањето на целта Финска да ја намали емисијата на стакленички гасови за 80% до 2030 година.

Mjösa Tower е симбол на променливите трендови во градежништвото. Таа е доказ дека масивните структури може да се направат од одржливи материјали без да се намали нивниот квалитет.

Сподели!
- Advertisement -