Huawei и Централната државна канцеларија за развој на дигитално општество на Хрватска, односно галвното тело за унапредување на дигиталниот развој на општеството, потпишаа меморандум за разбирање и соработка со кој се поттикнува соработка и размена на знаење меѓу Хрватска и Huawei на полето дигитализација и дигитална трансформација.
Меморандумот беше потпишан во пресрет на самитот 16+1 Croatia Summit 2019, односно состанокот на шефови на влади на 16+1 земја, т.е. Кина и 16 земји од централна и источна Европа. Меморандумот подразбира континуирана комуникација и зајакнување на соработката меѓу Huawei и Хрватска на развојот на решенија на полето Smart City, но и поширока размена на знаење, индустриски стандарди и користење на можноста за учество на експерти на водечки конференции и семинари за дигитални технологии и во Хрватска и во Кина.
„Се гордееме што Хрватска ги препозна решенијата и иницијативите кои ги развива Huawei. Овој меморандум ќе ја зајакне соработката меѓу Huawei и Хрватска и на најдобар можен начин ќе ја покаже вредноста која Huawei може да ја понуди за дигитална трансформација на земјата“ изјавија од Huawei.
Huawei е една од најголемите компании во светот, која минатата година оствари неверојатен профит од 107 милијарди долари и која инвестира од 15 до 20 милијарди долари годишно во истражување и развој. Меморандумот постави рамка за разгледување на најдобрите решенија од концептот Smart City кој го развиа Huawei како еден од глобалните технолошки лидери.