Ова се десет Android апликации кои оствариле најголем профит во 2018 година

- Advertisement -

Се чини дека апликациите на популарните социјални мрежи како Facebook, Instagram, Twitter и сл. не влегле во друштво на најпрофитабилните апликации за 2018 година. Така барем стојат работите според Sensor Tower, кој објави ранг листа со Android апликациите кои оствариле најголеми приходи во 2018 година заклучно со 30 ноември. На листата се најдоа дури три апликации кои влегоа во топ 10 најброзорастечки и на Android и на iOS платформата.

На првото место како најпрофитабилна Android апликација се најде популарната апликација за онлајн запознавање Tinder со приходи од 274,9 милиони долари. Google Drive, сервисот за складирање и споделување датотеки во облак се најде на второто место со профит од 164,3 милиони долари. На трето место е музичката платформа Pandora со 132 милиони долари, додека веднаш зад неа се најдоа платформата за четување Line со 105,4 милиони долари и Bigo Live, социјалната мрежа за емитување во живо со 100,4 милиони долари приходи.

- Advertisement -

Омилената платформа за гледање серии и филмови Netflix го зазеде шестото место со профит од 97,8 милиони долари. На самиот крај на листата се најдоа Azar со 66,1 милиони долари, KakaoTalk апликацијата за ирпаќање пораки со 57,4 милиони долари и Line Manga со профит од 49,4 милиони долари. На последното, десетто, место е апликацијата на познатиот телевизиски канал HBO Now со профит од 38,5 милиони долари.

Сподели!
- Advertisement -