Една од многуте услуги кои Amazon им ги нуди на корисниците е музички стриминг сервис, но иако нема официјални информации за бројот на корисници на Music Unlimited, аналитичарите велат дека станува збор за бројка од околу 20 милиони корисници. Оваа бројка не е мала, но Spotify и Apple Music имаат многу повеќе корисници.
Цената на Music Unlimited е 9,99 долари месечно, а за корисниците на Prime таа е помала од 2 долари, додека за тие што слушаат музика преку звучникот Echo изнесува 3,99 долари. Но, бројот на корисници на музичкиот стриминг сервис на Amazon наскоро може да се дуплира затоа што според информациите кои кружат онлајн, Џеф Безос подготвува безплатен стриминг сервис. Иако за слушање музика нема да се наплаќа, Amazon ќе заработува од реклами.
Бесплатниот музички сервис ќе биде достапен само за сопствениците на паметниот звучник Echo и ќе има ограничен избор на песни. Ова нема да биде првиот таков бесплатен сервис – Spotify веќе има опција за бесплатен стриминг, но со некои ограничување и со задолжително слушање реклами.
Од компанијата на Безос не гои коментираат овие информации, а дали се вистинити ќе дознаеме оваа недела, кога наводно треба да биде и претставувањето на новата услуга.