Новиот хрватски паметен часовник изгледа како елегантен скапоцен накит

- Advertisement -

Од стотици различни преносни гаџети секогаш е интересно да се види некој кој се разликува од другите. Новиот производ на хрватскиот стартап Bellabeat на прв поглед изгледа како класичен и навистина елегантен рачен часовник. Но, како што откриваат од Bellabeat, таа класична надворешност во себе крие вистински „мозок“.

Луксузното куќиште на часовникот Time крие паметна технологија која преку мобилна апликација ги следи сите показатели на вашето здравје, па ве потсетува ако премногу долго време сте неактивни, води сметка за вашиот менструален циклус, предлага техники на медитација за да се ослободите од стресот за многу кратко време. Освен тоа, овој класичен безвременски дизајн ќе се вклопи во секаков стил на облекување.

- Advertisement -

Новиот часовник на Bellabeat безжично се поврзува со паметен телефон и сите битни податоци ги синхронизира со посебно осмислена апликација. Апликацијата е интуитивно велнес решение кое поттикнува на поздрав начин на живот вклопувајќи се во секојдневната рутина и обврските на многу жени кои ја користат.

Во апликацијата се покажуваат сликовити пораки кои ги испраќа телото, а кои понекогаш поради недоволно внимание не ги забележуваваме. Bellabeat Time моментално е достапен само преку веб-продавницата, а како што најавуваат, наскоро ќе биде достапен и на други места. Bellabeat моментално работи на следниот иновативен производ, кој ќе биде претставен во 2020 година како голема надградба на постоен производ.

Сподели!
- Advertisement -