ВИДЕО: На Јадранот никнува нов, екстра луксузен град!

- Advertisement -

Хрватскиот остров Паг наскоро може да добие целосно нов луксузен град. Претприемачот Едо Маржиќ деновиве во Загреб го претстави проектот „Златен брег“, со кој се предвидува изградба на целосно нов град на Паг, во кој во блиска иднина ќе живеат повеќе од 10.000 луѓе.

Сопственикот на хотелот „Паг“ и на кампот „Шимуни“ проценува дека реализацијата на овој проект би чинела од 500 до 700 милиони евра. Како што вели Мажиќ, проектот предвидува изградба на луксузен град од затворен тип. Тоа ќе биде најелитна морска оаза во светот, со комплетна услуга и друга инфраструктура прилагодена на постарите жители кои на островот Паг ќе може да купат домови, секој со посебна врска за јахта или брод и со пристап до отворено море.

- Advertisement -

Визијата на Маржиќ е да ископа канал со кој заливот Дињишка ќе го поврзе со градот Паг и со кој по целиот тек ќе се градат и ќе се населуваат резиденцијални луксузни недвижности, станови и вили опремени со најдобар и најскап мебел, со целосна услуга која вкучува достава на три оброци дневно до куќниот праг, гаражи и хотелско сместување за гостите.

Погледнете како ќе изгледа тоа.

- Advertisement -

 

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -