Од хотел Адриатик, Collection brand Maistra, одлучија сите пластични предмети за еднократна употреба да ги заменат до расположливи алтернативи, со што ќе станат првиот хотел во Хрватска кој активно се залага за почиста животна средина и одмор без пластичен отпад.
„Како прв хотел во Хрватска без пластика, хотелот Адриатик ќе настојува да биде предводник во иновативноста и одржливоста и ги повикува сите свои вработени на одговорно работење кое на гостите ќе им овозможи активно учество во оваа еколошка акција и уникатно доживување на Јадранското Море“ изјација од управата на Maistrа.
Во спроведувањето на иницијативата активно се вклучени вработените во хотелот, доставувачите, партнерите и гостите и граѓаните кои секојдневно уживаат во услугите на хотелот. Хотелот Адриатик уште минатата година почна да користи заменски хартиени сламки наместо пластични, а до јуни хотелот ќе престане да користи 80% од пластичните производи за еднократна употреба и до крајот на годината целосно ќе ги исфрли сите пластични предмети за еднократна упореба во сите свои сместувачки капацитети, барови и ресторани.
До крајот на годината во Адриатик ќе се користат исклучиво биолошки средства за чистење и ќе ја поддржуваат соработката со доставувачи чии производи се прават од природни, биолошки, еколошки прифатливи или рециклирани материјали. Гостите на хотелот ќе имаат прилика во текот на својот одмор да гледаат делфини или да се информираат за локалниот еколошки пазар.