Нови визионерски најави на Илон Маск

- Advertisement -

Шефот на Teslа, Илон Маск, е познат како визионер во автомобилската и вселенската индустрија и иноватор кој ги поместува границите, но познат е и како личност која дава големи предвидувања и најави кои е тешко, односно речиси невозможно да се исполнат во рокот кој го замислил. Овој пат најави уште една голема работа за Teslа која ќе биде тешко да се остави во рокот кој го зададе (до 2020 година), а тоа е сервис за такси превоз со целосно автономни автомобили. Иако тоа не би бил првиот таков сервис, затоа што автономните автомобили на Waymо (во кои седи и возач за секој случај) веќе превезуваат луѓе во Феникс, Аризона, неговата најава се чини преамбициозна.

За таква услуга Маск зборуваше уште пред три години – преку апликација сопствениците на автомобили на Teslа ќе можат да ги изнајмуваат своите возила (кога не ги користат) на други луѓе на кои им треба превоз, при што ќе профитираат сите три страни. Најпрвин, сопственикот на автомобилот ќе заработи од изнамјувањето на возилото, луѓето кои бараат превоз ќе добијат поевтина опција, а Tesla ќе земе провизија за поврзување на луѓето кои нудат и бараат превоз. Во регионите каде што нема доволно сопственици на нивни возила, компанијата на Илон Маск ќе изнајмува автомобили.

- Advertisement -

Основната порака на презентацијата на Teslа треба да биде дека денес, од финансиски аспект, е лудост да се купи друг автомобил освен Teslа. „Тоа би било да како да купите коњ“ изјави Маск.

„Роботскиот такси сервис“, како што го нарекоа медиумите, не е единствената најава на шефот на Teslа и Маск вели дека за две години Tesla ќе произведе автомобили без волан и без педала за гас и кочници и се очекува дека за три години таквите автомобили ќе чинат 25.000 долари или помалку.

- Advertisement -

Сервисот за такси превоз со кој ќе управуваат компјутери ќе овозможат нов чип за автономно возење кој Мас го најави вчера во текот на презентацијата и кој го развива Samsung. Шефот на Teslа изјави дека станува збор за најдобриот чип во светот.

Сподели!
- Advertisement -