Пет филма што мора да се гледаат барем еднаш во животот

- Advertisement -

Некои филмови се вечни, а такви стануваат поради различни причини – некои имаат безвременски теми, некои се култни остварувања, некои носат определена атмосфера или емоција која засекогаш ќе ја паметиме.

Овие пет филма што може да се гледаат на Pickbox се баш такви, а им ги препорачуваме на сите. Нивниот квалитет лежи во тоа што можат да се гледаат и повеќе пати, а засекогаш ќе го имаат она нешто поради кое ќе им се навраќаме повторно и повторно.

  1. ИМЕТО НА РОЗАТА

Името на розата (The Name of the Rose) е култен филм од 1980 година, заснован на генијалниот истоимен роман од Умберто Еко. Во главната улога е Шон Конери, кој го игра калуѓерот Вилијам Баскервил.

- Advertisement -

По таинствената смрт во еден бенедиктински манастир во 1327 година, монасите се уверени дека доаѓа апокалипсата. Манастирот треба да прими еден совет кој го разгледува францисканскиот завет за сиромаштво, па го викаат почитуваниот францисканец Вилијам Баскервил да ја најде причината за еден смртен случај. Во текот на истрагата, Вилијам и неговиот помошник наоѓаат уште мртви тела, приближувајќи се до откривањето на тајната што неговиот манастир сака да ја прикрие. Вилијам мора да го најде вистинскиот виновник пред инквизицијата да погуби еден неправедно обвинет човек.

  1. ГОЛ РУЧЕК

Гол ручек (Naked Lunch) е уште еден култен филм во редовите на Pickbox, од наградуваниот режисер Дејвид Кроненберг (Videodrome, A History of Violence и многу други), кој е еден од создавачите на филмскиот жанр познат под називот биолошки хорор.

- Advertisement -

Во филмот Гол ручек Вилијам Ли е неуспешен писател и излечен наркоман кој се вработува во една компанија за дезинсекција и секојдневно убива лебарки и други инсекти  сѐ додека не открие дека неговата жена станала зависна од отровниот прашок со којшто работи. Но, изгледа дека и самите инсекти развиле зависност од отровот, па Вилијам го носат на распит во полиција каде што го испрашува еден џиновски инсект кој тврди дека Вилијам всушност е шпион. Вилијам продолжува да среќава бизарни и надреални ликови, а сето тоа кулминира со доаѓањето во еден изолиран град полн со дрога, предавства, секс и борба за моќ.

- Advertisement -
  1. ЧАСОВИ

Во наградуваниот филм Часови (Hours) ги гледаме актерските остварувања на три феноменални актерки – Мерил Стрип, Никол Кидман, која за улогата во Часови освои „Оскар“, како и Џулиен Мур.

Стрип ја игра Клариса Вон, њујорчанка која ја следиме во 2001 година, кога организира забава за еден нејзин пријател кој е болен од сида. Мур е Лора Браун, домаќинка од Калифорнија на педесетина години, која има син и несреќен брак. Кидман е Вирџинија Вулф во дваесеттите години во Англија, која се бори против депресијата и психичките заболувања додека се обидува да го напише својот роман. Приказна за три жени на три различни места во различно време, кои сакаат поисполнет живот. Сите три ги поврзува книгата „Г-ѓа Даловеј“, а нивните приказни се испреплетуваат и на крајот се среќаваат во миг на препознавање.

  1. ДОБРИОТ ПАСТИР

Шпионскиот филм Добриот пастир (The Good Shepard) е во режија и продукција на Роберт де Ниро, а главните улоги ги играат Мет Дејмон, Анџелина Џоли и де Ниро.

Добриот пастир во добар дел е фикција, но е заснован на вистинити настани кои го одбележиле создавањето на контраразузнавачката служба во рамките на ЦИА. Едвард (Мет Дејмон) верува во САД и е подготвен да жртвува сѐ за заштитата на земјата. Како еден од основачите на ЦИА, Едвард е полн со идеали, но со тек на време неговата сомничавост кон средината расте.

 

  1. БЕГСТВО ОД ШОШЕНК

Бегство од Шошенк (Shawshank Redemption) е најдобро оценет филм во историјата на страницата Imdb. Оваа затворска драма од режисерот и сценарист Френк Дарабонт од 1994 година, со Тим Робинс и со Морган Фримен во главните улоги, е едно од најдобрите филмски остварувања на сите времиња.

Беше номиниран за седум „Оскари“, но не освои ниту еден, што од денешна гледна точка изгледа неверојатно. Приказната се врти околу затворскиот живот на Енди Дуфресно откако е осуден за убиството на сопругата и нејзиниот љубовник.

Сподели!
- Advertisement -