Пазарната вредност на Amazon повторно се движи околу неверојатни милијарда долари, а основачот и извршен директор на компанијата, Џеф Безос, е тежок повеќе од 155 милијарди долари. Но, работата во оваа компанија, особено во нивните складишта, не е ни малку едноставна и со години веќе кружат приказни за лошите работни услови и големиот притисок на кој се изложени работниците, кои мора да исполнуваат норми за скeнирање, сортирање и пакување на производите.
Сајтот The Verge дошол до документ во кој се дава подетална слика за начинот на работа, односно следењето и оценувањето на работниците во складиштата на Amazon, за кои велат дека се моторот на оваа компанија. Според податоците во документот, работницие во складиштата мора да пакуваат стотици кутии секој час, а резултатите на секој работник се мерат и се оценуваат, па тие кои се најмалку ефикасни на крајот добиваат отказ.
Како приватна компанија фокусирана на профитот, Amazon бара начини како да ја максимизира ефикасноста, а ако дел од работниците не ги исполнуваат нормите, имаат право да ги отпуштат, но објавениот документ укажува на еден друг проблем во компанијата – работниците не ги надгледуваат луѓе туку автоматизирани системи кои им издаваат предупредувања и можат да ги отпуштат без да го известат менаџерот. Роботите не ги гледаат луѓето и нивната моментална ситуација, па не знаат дали постојат објективни причини зошто работниците не ја исполниле својата норма. Таквите причини може да ги разберат луѓето и нивните надредени, но не и роботите, на кои им се битни само бројките.
Некои од експертите за The Verge коментираат дека често од работниците во складиштата на Amazon слушаат дека ги третираат како роботи затоа што ги следат и ги оценуваат роботи, поради што некои избегнуваат да земат паузи за одење во тоалет. Од Amazon, пак, велат дека развиле т.н. показатели за продуктивноста на работниците при процесирањето на нарачките, кои се неопходни за ефикасноста да биде на највисоко ниво. Што се однесува на отказите базирани на „мислење на роботите“, напоменуваат дека надредените можат секогаш да ја сменат таа одлука, а работниците имаат право на жалба.