Најголемата ледена плоча на Антарктикот се топи десет пати побрзо отколку порано

- Advertisement -

Научниците открија дека Росовата ледена плоча, која е најголемата ледена плоча на Антарктикот, се топи десет пати побрзо токолку подано, пишува CNN. Северозападниот дел од оваа ледена плоча, со површина отприлика колку површината на Франција, се топи многу побрзо отколку што претпоставуваа научниците.

Тие претпоставуваат дека забрзаното топење е предизвикано од се потоплата вода на океаните. „Стабилноста на ледените плочи е поврзана со топлината во длабокиот дел од океанот на која се изложени, но откривме и дека површинската вода има клучна улога во топењето на ледечните плочи“ вели авторот на студијата, Кред Стјуарт од Националниот институт за вода и атмосферски истражувања од Нов Зеланд.

- Advertisement -

Податоците кои се користени за истражувањето се собирани во ткот на четири години со инструмени кои се наоѓале на 260 метри внатре во ледената плоча. Влијанието на топлата вода на површината на океаните загреана од сонцето многу влијае на порастот на нивото на морињата, заклучуваат научниците.

Помалите ледени плочи, кои се изложени на потопла вода на површината на океаните, се топат 100 пати побрзо одктолку големите плочи, чиј најголем дел е потопен под вода. Научниците стравуваат дека забрзаното топење на ледените плочи може да предизвика раст на нивото на морињата дури и за неколку метри.

Сподели!
- Advertisement -