Највисокиот модуларен хотел во светот ќе никне во Њујорк. Хотелот AC Hotel New York NoMad, висок околу 110 метри, ќе има 168 гостински соби кои ќе бидат претходно изработени во фабрика во Полска пред да бидат составени во Њујорк. Кога ќе бидат готови, хотелот ќе може да изникне за само 90 дена, велат од Marriott.
Градежништвото во Америка е зрело за иновации, велат од Marriott. „Највисокиот модуларен хотел во светот во една од најпознатите дестинации во светот е само искрата која ќе запали поголем интерес во светот за модуларното градење“ додаваат оттаму.
Тие 168 соби на хотелот ќе пристигнат готови во Њујорк. Секоја соба, односно модул ќе биде целосно опремен со кревети, чаршафи, перници, подови и производи за во бања. Се очекува дека хотелот ќе чини вкупно 65 милиони долари, а на врвот ќе биде поставен модуларен бар, додека ресторанот и лобито ќе бидат направени на традиционален начин. Според Marriott, еден бенефит од мудларниот хотел е што собите ќе бидат потивки затоа што нема да имаат заеднички ѕидови.
Планиранот е отворањето на AC Hotel New York NoMad да биде на крајот на 2020 година.