Samsung претстави телевизор кој може да се сврти од хоризонтален во вертикален

- Advertisement -

Сакате да гледате телевизија на хоризонтален или вертикален телевизор? Благодарение на најновиот изум на Samsung, повеќе нема да мора да бирате. Јужнокорејскиот гигант претстави телевизор кој може да стои хоризонтално и потоа да се сврти ветикално и на него да гледате како на смартфон.

Телевизорот со големина од 43 инчи се вика Sero и има интегриран држач. Ќе почне да се продава во Јужна Кореја на крајот на овој месец по цена од 1.456 долари. Sero ќе доаѓа со микрофон и со виртуелниот асистент на Samsung, Bixby.

- Advertisement -

Исто така, ќе може да се намести да прикажува фотографии, часовник или други слики. Меѓу содржините кои ќе може да ги користат корисниците се и новите серии на Snapchat, кои се дизајнирани за мобилни уреди и ќе бидат лансирани во текот на мај.

Сподели!
- Advertisement -