Ова се израелските иновации кои го променија светот!

- Advertisement -

 Израел е стартап нација и глобален центар за технологија. Во светот на технологијата Израел е цар – земјата има повеќе високотехнолошки стартапи по жител отколку која било друга земја во светот и по фондови за ризичен капитал е на второ место после САД. Ова е импресивна бројка за секоја земја, а уште повеќе за држава која е стара само 70 години и е дом на 9 милиони луѓе!

Пишува – Верица Јорданова

За време на студиска посета на Израел повеќе субјекти од земјава вклучени во градењето на силен стартап еко-систем: Стартап Македонија, Сивус акцелератор, УКИМ акцелератор, Македонска Берза, CEED hub, технолошкиот парк на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Mинистерството за економија, Фондот за иновации и технолошки развој, неколку компании и на порталот Иновативност имаа можност да се запознаат со работата на повеќе клучни институции и организации кои активно делуваат на богатата израелска стартап и иновациска сцена. Овие организации со поддршка од Проектот за развој на деловниот еко-систем поддржан од УСАИД дознаа кои се најзначајните израелски иновации.

- Advertisement -

Иновации од областа на медицината:

SniffPhone е дијагностичка алатка која буквално може да ја намириса болеста. Моментално е во фаза на тестирање, а проектот е резултат на NaNose технологијата која ја разви професорот Хосам Хаик од Институтот за технологија Technion-Israel. NaNose може да ја детектира симптоматската миризба на некои канцерогени тумори, на Паркинсоновата болест, на мултиплекс склерозата и многу други болести со 86% до 93% прецизност. SniffPhone има за цел да го поедностави процесот на поставување дијагноза така што технологијата ќе стане достапна преку додаток кој може да се инсталира на смартфон. Се очекува дека комерцијалната верзија ќе биде готова за четири до шест години и ќе биде многу прецизна, достапна и лесна за употреба.

- Advertisement -

Откако во сообраќајна незгода бил повреден и останал во инвалидска количка, д-р Амит Гофер со години се обидувал да најде начин да биде помалку зависен од количката. Така се родил егзоскелетот ReWalk на Argo Medical Technologies, кој им овозможува на корисниците да стојат исправено, да одат и дури и да се качуваат по скали. Овој робот добива сигнали за движење од часовник кој се носи на рака и работи на батерии. На јавноста и е достапен уште од 2014 година и веќе го користеа на Лондонскиот маратон и на Параолимписките игри во Лондон во 2012 година.

- Advertisement -

Инспириран од лично искуство со хронична стомачна болка, научникот Гавриел Идан од Given Imaging (сега Мedtronic) доби идеја да направи камера која можете да се проголта и потоа ќе пренесува податоци до ресивер надвор од телото. PillCam ја одобри Американската агенција за храна и лекови и сега се користи во целиот свет за дијагностицирање инфекции, пореметувања во дигестивниот систем и канцери, Исто така, може да допре до делови од дигестивниот систем кои не може да се видат со конвенционалните процедури.

Милиони луѓе му го должат својот живот на флексибилниот стент, односно уред во форма на цевка кој се користи за да се отворат артериите при третирање срцеви заболувања и затнати крвни садови и превенира операции на отворено срце. Традиционалните цврсти стентови кои се користеле за покомплицирани операции станаа полесни и побезбедни по појавата на првиот флексибилен стент во светот во 1996 година. Познат во медицината како NIR стент или EluNIR, а го направи Medinol, компанија оперирана од брачниот пар Коби и Џудит Рихтер.

Технолошки иновации

Софтверот кој ги штити нашите податоци од опасните сајбер активности е еден од најбитните столбови на денешната компјутерска безбедност. Биолошките родители на денешниот Firewall се Гил Швед, Мариус Нахт и Шломо Крамер од компанијата Check Point Software Technologies со седиште во Израел. Тимот ја направил првата комерцијална верзија на Firewall во 1993 година и оттогаш до денес компанијата се прошири, отвори прекуокеански филијали и склучи партнерство со големи технолошки компании како Nokia.

 

Таканаречената оригинална платформа за инстант пораки или ICQ беше бесплатна апликација развиена во 1996 година од страна на израелската интернет-компанија Mirabilis. Иако во 90-тите години имало повеќе вакви сервиси, меѓу кои Zephyr Notification System на МИТ, повеќето биле специјализирани за компуникација меѓу корисници од универзитети и бизниси. Другите такви сервиси немале општа публика и биле резервирани за компјутерџии и тие од бранпата. Девелоперите на софтвер Сефи Вигисер, Јаир Голдфингер и Арик Варди се здружиле со интернет могулот Јоси Арик и откриле дека има јаз на пазарот и постои потреба за универзален комуникациски систем. И биле во право. ICQ, игра на зборови од англиската фраза „I seek you” („Те барам“), им овозможича на корисниците на Windows да си испраќаат пораки во реално време, а централизираниот систем набрзо доби корисници од целиот свет. Компанијата подоцна беше продадена на AOL за 407 милиони долари.

Друг израелски патент е „виновен“ за уште еден секојдневен предмет кој е еден од најчестите кои ги користиме денес – преносниот USB мемориски стик. Технологијата на USB стикот е спој на два иновативни прототипови – флеш меморија развиена од Toshiba во 1980-тите години и Universal Serial Bus – USB или стандардизиран порт за конектирање на уреди. Во 1999 година израелската компанија M-Systems поднесе патент за „USB-based PC flash disk” и ја отвори вратата за развој и производство на преносен USB стикот кој сите го сакаме и го користиме.

Иновации во земјоделство

 

Со децении фармерите во Израел се бореле да одгледаат житарки во сувата пустинска клима. Работите тргнале на подобро во 1965 година, кога инженерот Симча Блас добил идеја додека набљудувал две дрвја едно до друго, но едното било значително поголемо од другото. Кога отишол да види зошто е така, видел пукнатина во цевката со вода која поминувала крај дрвото. Така сфатил дека доволни се капки вода кои редовно доаѓаат до дрвото за да се направи голема разлика во растот на растенијата. Така се родила микроиригацијата, односно системот капка по капка. Со 1967 година системот Netafim, кој буквално значи капки вода, ги подобрил приносите на посевите во пустината Арава во Израел за дури 70% и истовремено ја намалил потрошувачката на вода во регионот за 5%. Таа технологија денес се користи во целиот свет.

Можеби звучи претенциозно, но оваа израелска компанија прави вода од воздухот. И за тоа користи само преносен генератор. Основана во 2010 година од Арие Кохави, компанијата Watergen и нивните уреди користат пантентирана технологија GENius за екстрахирање на влагата од воздухот, одновно водата во форма на пареа која е присутна насекаде во атмосферата од дождовните шуми до пустините. Генераторите на Watergen ја ладат и ја претвораат во течност пареата од воздухот, па можат да произведат до четири литри вода за секој потрошен киловат-час. Оваа револуционерна технологија веќе се користи во региони погодени до природни катастрофи, како што беше ураганот Марија во Порторико во 2017 година.

Со седиште во Израел, компанијата BioBee денес е мултинационална компанија која се фокусира на биолошка контрола на болестите на растенијата. Од 1983 година досега ја усовршува својата технологија и има за цел да ја намали употребата на пестициди така што ќе ја користи природната способност на инсектите да ги направат плодовите побезбедни за јадење и нивните живеалишта побезбедни. BioBee симултано раководи со три проекти: одгледува пчели за поленизација на стакленици, користи инсекти како оси и бубамари за да ги напаѓа штетниците и го намалува бројот на штетни инсекти со генетско модифицирање на нивната способност за се репродуцираат.

Иновации во сообраќај

 

„Почувствувај ја иднината“ (“Sensing the Future”)  е мантрата на израелската компанија за безбедност Mobileye, чија вредност се проценува на 10 милијарди долари.  Автомобилската технологија на компанијата ја развил Амон Шапуа во 1999 година заедно со неговиот партнер Зив Авирам и нивната дипломска работа за машинско учење ја превориле во реалност со развој на алгоритми кои овозможуваат мала камера поставена во автомобилот да ги предупредува возачите за потенцијална опасност. Денес повеќе од 25 глобални производители на автомобили ја користат технологијата на Mobileye за побезбедно возење и повеќе од 15 милиони возила во светот се опремени со таква технологија.

Кога Ехуд Шабати прв пат прoбал да користи GPS, бил истовремено и одушевен и разочаран. Инженерот успеал да стигне од точката А до Б, но неговото патување траело долго поради сообраќајниот метеж и поправање на некои патишта. Тој разгледал и други GPS системи и открил дека тие се ефикасни во насочување на корисниците, дури и на многу далечни локации, но го имаат истиот проблем – немаат податоци за сообраќајот во реално време. Затоа, решил да преземе нешто. Тој го мапирал цел Израел, најпрвин сам, а потоа со помош на соосновачите Ури Левин и Амир Шинар, со цел да направи уред за навигација кој ќе има и информации за сообраќајот во реално време. Наскоро тие имале илјадници корисници на Waze и со групно известување добивале навремени информации за блокади на пат или соображајни незгоди. Компанијата во 2013 година беше продадена на Google за 1,1 милијарди долари.

Сподели!
- Advertisement -