Овој човек со своето магаре доставува книги до децата во Колумбија. На тој начин им ја овозможува радоста на читањето на децата кои се во незавидна ситуација. Оваа необична „библиотека“ се вика „Biblioburro“ или „магарешка библиотека“.
Човекот кој ја врши оваа благородна работа се вика Луис Сориано и е учител во руралните делови на Колумвија. Тој во 1997 година сфатил дека неговите ученици не пишуваат домашна работа затоа што немаат книги дома.
Затоа одлучил сите 70 книги од неговата приватна библиотека да ги товари на своето магаре и почнал да оди од куќа до куќа и на децата да им ги позајмува книгите – од енциклопедии до романи и авантури. Отпрвин не му било лесно – еднаш дури и го киднапирале парамилитарни војници, а пред пет години ја изгубил едната нога во незгода со неговото магаре.
Но, не се откажал и се уште позајмува книги три дена во неделата. Неговата „библиотека“ сега има 4.700 книги и има дури и тим од други библиотекари кои ја вршат истата работа во други градови. Поради воените конфликти многу деца во руралните делови од Колумбија не можат да одат на училиште. Разни герили, картели за дрога и организирани криминалци се борат со полицијата и со војската. Но, Biblioburro им помага на илјадници деца да го продолжат образованието.
This man and his donkey deliver books to children in need in Colombia
The Biblioburro has helped thousands of children to keep learning. 📕 Read more: https://wef.ch/2H0hid4
Posted by World Economic Forum on Петок, 03 мај 2019