Компанијата Pavegen ја претвора енергијата од нашите чекори во елекрицитет. Како што пешаците поминуваат по плочките на Pavegen, тежината на нивните чекори го компресира електромагнетниот генератор кој се наоѓа под плочката и на тој начин се создава од 2 до 4 џули електрична енергија со секој чекор.
Секоја плочка е опремена со трансмитер на податоци. Тој го следи бројот на чекори и генерираната енергија и може да предвиди во кој период од денот се генерира најмногу енергија и на која локација.
Pavegen е паметно решение за градовите и бизнисите, а плочките се нудат во различни модели за внатре или надвор. Досега компанијата има комплетирано повеќе од 150 проекит на глобално ниво на различни локации како железнички станици, шопинг центри, аеродроми и други јавни простори.
Converting footsteps into electricity
These floor tiles could power future cities with footsteps.
Posted by Startup Selfie on Четврток, 02 мај 2019