Facebook ќе имплементира платен систем базиран на криптовалути

- Advertisement -

Wall Street Journal објави дека Facebook планира да имплементира платен систем базиран на криптовалути. Системот ќе користи дигитални пари слични на биткоинот, но различни во смисла дека Facebook ќе настојува да ја одржи стабилноста на своите валути за разлика од биткоинот и сличните криптовалути чија вредност е предмет на брзи промени.

Новиот систем, наводно, би можел да ја “поткопа” употребата на кредитни картички и на овој начин би избегнал плаќање на такси за обработка, од кои се генерира најголем дел од нивниот приход, истакнува WSJ.

- Advertisement -

Во извештајот на магазинот, кој се повикува на анонимни извори кои се запознаени со ова прашање се вели дека Facebook ангажирал десетици финансиски компании и “онлајн трговци” за да го лансира системот. Facebook во своите коментари наведува дека во моментов само истражува различни апликации за новата технологија на криптовалути, објавува агенцијата.

Сподели!
- Advertisement -