Google договори плаќање на содржините со 300 медиумски куќи во ЕУ

- Advertisement -

Google објави дека постигнале договор со повеќе од 300 медиумски куќи во шест земји-членки на ЕУ за плаќање на нивните содржини и најавија понуди и за медиумите во другите земји-членки на унијата.

Издавачките куќи се некои од најголемите критичари на Google и веќе долго време ги повикуваат владите да го регулираат плаќањето надомест за медиумските содржини објавени на нивните дигитални платформи. Австралија минатата година воведе плаќање, а во април годинава сличен закон стапи на сила и во Канада.

- Advertisement -

Директорката на одделот за медиуми на Google, Сулина Конал, објави дека договорил плаќање на содржините. „Договорите кои ги склучивме досега покриваат над 300 национални, локални и специјализирани новински агенции во Германија, Унгарија, Франција, Австрија, Холандија и во Ирска, а се водат и многу други расправи“ напиша Конал.

Таа не откри колку им плаќаат на медиумите, а деталите треба да бидат објавени во текот на денешниот ден. Германските медиуми се 2/3 од компаниите со кои е склучен таков договор и меѓу нив се и неделниците Der Spiegel и Die Zeit, како и дневникот Frankfurter Allgemeine Zeitung.

- Advertisement -

Од Google најавија и нова алатка која во текот на идните месеци ќе нуди договори и на други издавачи во ЕУ, почнувајќи од Германија и Унгарија. Алатката на издавачите ќе им нуди проширен договор за прегледување вести, кој на Google ќе му овозможи прикажување на исечоци и најава за вестите за одреден надомест.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Google)

Сподели!
- Advertisement -