Претседателот на ЕБОР денеска е во посета на Македонија

- Advertisement -

Претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Сер Сума Чакрабарти на 6 мај ќе престојува во посета на нашата земја, во рамки на која ќе се сретне со владини претставници и претставници од бизнис заедницата.

Чакрабарти, како што е најавено, треба да се сретне со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за финансии Драган Тевдовски, а ќе го посети и Скопје Сити Мол, првиот шопинг центар финансиран од ЕБОР во Северна Македонија.

- Advertisement -

Посетата на Чакрабарти, е во рамки на неговата регионална посета на Западен Балкан, која доаѓа како подготовка пред Годишното собрание на ЕБОР, кое се одржува следната недела во Сараево.

Од ЕБОР, информираат дека ова е прва посета на Чакрабарти по усвојувањето на новото име на земјата, кое Банката го гледа како позитивен чекор кон привлекување на инвестициите во регионот.

- Advertisement -

Претседателот на ЕБОР, се вели во соопштението, ќе ја потврди посветеноста на Банката во однос на натамошните инвестициите во земјата и на Западен Балкан, а ќе ја истакне и позицијата на Банката како стратешки партнер на Северна Македонија, која до денес е водечки институционален инвеститор со 1.9 милијарди евра во 150 проекти.

Банката со своите активности во Северна Македонија се фокусира на поддршка на конкурентен развој на приватниот сектор, зајакнување на безбедноста и одржливоста на енергијата, како и поддршка на поврзувањето и регионалната интеграција.

- Advertisement -

Минатата година ЕБОР ги интензивираше активностите на Западен Балкан, инвестирајќи над 1.1 милијарди евра во 67 проекти и планира да го задржи или за нијанса да го зголеми нивото на досегашните регионални инвестиции, се наведува во соопштението од ЕБОР.

Сподели!
- Advertisement -