Утре почнува саемот на книгата

- Advertisement -

Унгарската книжевност е во фокус на 31-от по ред Меѓународен саем на книгата, што утре стартува во Скопје

Културата е најдобриот начин да ја доближиме Унгарија пред македонскиот народ со кого имаме четврт век успешни билатерални односи, а Саемот на книгата е еден од најзначајните културолошки настани во областа на книжевноста, а секако покрај книжевноста имаме подготевно низа проекти преку кои ќе се претставиме и тоа во областа на музиката, танцот, фотографијата, гастрономијата и научни сознанија, велат унгарската амбасада.

- Advertisement -

Саемот трае од 8 до 14 мај, а на специјален штанд читателите ќе имаат можност лично да се сретнат со авторите Едина Сворен и Ласло Багоши од Унгарија. На саемот годинава учествуваат околу 70 издавачи од Македонија, Унгарија, Србија, Косово, Албанија, Данска.

Сподели!
- Advertisement -