Хрватската пошта претстави поштенски марки кои може да се слушаат

- Advertisement -

Хрватската пошта  пушти во оптек потешнски марки од серијата „Europa”. Птиците се годинашната тема на поштенските марки кои ги издаваат сите европски поштенски оператори, а мотивот на хрватските марки се галебот, клаукавец и брегуница. Посебноста на овие марки е во тоа што можете да ги слушнете.

Птреку паметен телефон може да се преземе апликацијата Cee App на Google Play и на App Store. Со таа апликација може да се скенираат марките и да се слушне пеењето на двете птици. Автор на марките е дизајнерот Лука Јурас од Загреб, а номиналната вредност на секоја марка е 1,15 евра.

- Advertisement -

Брегуница е птица чие научно име е Рипарија, што во превод значи „од речниот брег“ и сугерира на локацијата на која се гнезди. Тоа е колонијален вид птица, па повеќе единки бираат исто место за гнездење, односно копаат канали во речните брегови. Брегуница е птица преселник која на зима мигрира во Африка.

Галебот клаукавец е една од вкупно 50 видови галеби колку што постојат во светот. Ларус микахелис е птица која прави гнезда. Познат е по жолтите нозе, додека грбот и крилата се сиви. Се храни со риби,ракови, школки, а знае да јаде и месо, па може да се сретне на места каде што се фрла отпад .

Сподели!
- Advertisement -