-8.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Toyota и Panasonic ќе основаат заедничка компанија за конектирани домови

Kabtel desktop

Јапонскитe Toyota Motor и Panasonic изјавија дека планираат да основаат заедничка компанија за развој на конектирани услуги кои ќе се користат во домовите и во урбаниот развој. Оваа соработка ќе го продлабочи партнерството меѓу компаниите кои уште во јануари годинава најавија дека ќе основаат заедничка компанија за производство на батерии за електрични автомобили.

Сега Toyota и Panasonic велат дека новата заедничка компанија, која ќе биде основана на почетокот на идната година, ќе се фокусира на технологија која ќе може да се користи за персонализирани услуги во домовите. Двете компании планираат партнерството да биде 50-50 и да ја зголеми нивната соработка во Јапонија.

„Ќе ги здружиме силите за да понудиме нови вредности за секојдневниот живот“ изјавија од Panasonic.

Овој потег доаѓа во време кога во автомобилската индустрија преовладуваат трендовите за автомобили со ниска емисија на гасови и услугите за споделување превоз, што значи дека традиционалните производители на автомобили бараат нови извори на приходи.

Toyota веќе развива конектирани автомобили кои можат да споделуваат информации меѓусебе, кои потоа може да се продадат за споделен превоз, осигурување и одржување. Од овој јапонски производител на автомoбили велат дека ќе ја искористат нивната мрежа од партнери  за да го прошират бизнисот.

„Ако успееме да ја искористиме таа мрежа во иднина не само за производство и продажба на возила туку и за нови услуги, нашите можности за во иднина ќе бидат значително поголеми“ велат од Toyota.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!