Која е винарницата што се проширува во Македонија?

- Advertisement -

Во сончевите предели на Неготино, во близина на селото Долни Дисан од неодамна работи нова винарницат. Лозовите насади веќе неколку години жедно растат и созреваат до вистинската модро црвена боја, бојата на интензивното црвено вино оплеменето од осончаното македонско виногорје. Тука, подзатскриена меѓу насадите што ја опкружуваа, од 2011 година работи словенечката семејна винарија Пуклавец и го подготвува лозјето што го збрало целото македонско сонце за производството на премиум вината Puklavec Family Wines.

- Advertisement -

Македонскиот тероар, климата, сончевите денови, земјата и корењата од виновата лоза ја збрале традицијата на раснење и создавање вино за генерации и поколенија, а винаријата Пуклавец носи една друга историја и традиција. Пуклавец е винарија која што постои од 1934 година, и години потоа со страст, напорна работа и посветеност на квалитетот, семејството создава одлични вина. По периодот од 1969 година, винаријата и производството се повторно рестартирани во 2009 година од страна на Владимир Пуклавец, и овој пат традиционалниот стар начин на производство на вина го засилува со осовремена амбиција.

- Advertisement -

Нова епизода во патот на оваа винарија е создавањето на мала, но сосема нова винарска визба во Македонија. Затоа што, регионот на Љутомер-Ормож (Источна Словенија) каде што Пуклавец е лоцирана, е одличен и познат по производство на свежи, овошни бели вина, потрагата по полно црвено вино завршува во македонското виногорје, во неготинските ридови и падини. Тука Пуклавец го наоѓа совршеното место за своите црвени вина со кои ќе ги освојува светските пазари. Во црвените вина од Македонија го гледаат потенцијалот за својот развој и доминација на винскиот пазар. На овие лозја Пуклавец има засадено Мерло, Каберне Совињон и локалното Вранец, со кои произведува овошни, а сепак зрели, црвени вина во кои е отсликан богатиот уникатен македонски тероар.

- Advertisement -

Климата со топли, суви лета и релативно ладните зими, создаваат совршени услови, додека геолошкиот профил на земјиштето на светли, песочни почви со висока содржина на варовник, калциум и железо – придонесува за зачинетиот, темпериран вкус и богата боја на црвени вина. Овие специфики Пуклавец ги комбинира со модерна технологија која е дополнета со традиционалното стареење во дрвени буриња, кои имаат многу важно место во визбата во Неготино. Капацитетот на винаријата во Неготино е  300.000 литри (400.000 шишиња).

Семејната винарија Пуклавец е компанија која со јасна визија гледа во иднината. Затоа покрај сопствените виногорја, приближно 650 хектари во регионот на Љутомер-Ормож, се проширува во винарницата во Неготино.

Визијата за проширување во Северна Македонија е производство на најдобрите светски вина и нивно пласирање на меѓународните пазари. Македонските црвени вина се познати по тоа што се богати со зрели комплексни ароми на темно овошје и со истакнати зачински нишки. Овој вид вино е високо ценет на меѓународните пазари, а со инвестициите во Северна Македонија винаријата Пуклавец ќе расте, ќе се развива и преку своите квалитетни црвени вина, ќе ги промовира македонските црвени вински сорти.

Вкупен капацитет на винаријата во Словенија е 11 милиони литри, а целите се производство на 4 милиони литри годишно за што постои јасна визија, детална стратегија и семејна одлучност и знаење.

Сподели!
- Advertisement -