Бизнис форум за жени претприемачи од Западен Балкан

- Advertisement -

Во Скопје денеска ќе се одржи Бизнис форум за жени претприемачи од Западен Балкан на кој ќе биде промовирано женското претприемништво. Настанот ќе овозможи водечките жени претприемачи од Западен Балкан да се вмрежат и да разменат искуства. Споделени ќе бидат и резултатите од Програмата за жени претприемачи за Западен Балкан (ПЖПЗБ) и најдобрите меѓународни пракси за финансирање на жените, а ќе бидат доделени и награди за најуспешните жени претприемачи и најдобрите службеници за кредитирање на бизнисите управувани од жени.

Регионалниот бизнис форум за жени претприемачи ќе трае денеска и утре, а е организиран од Програмата на ЕБОР за жени претприемачи од Западен Балкан. Програмата почна во октомври 2014 година со цел да го промовира женското претприемништво, да го подобри пристапот до финансирање и консултантски услуги, како и да даде поддршка на микро, малите и средни претпријатија (ММСП) од Западен Балкан кои се управувани од жени.

- Advertisement -

Програмата е финансирана од ЕБОР, Луксембург, Шведска и Италија со интегриран пристап кој ги таргетира жените од микро, малите и средни претпријатија во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Досега Програмата обезбеди 40 милиони евра преку кредити достапни во седум партнерски банки во регионот и пристап до знаење за да им се помогне на компаниите управувани од жени да станат поконкурентни.

Обуки, менторство, коучинг и можности за вмрежување исто така се дел од Програмата со цел да им се овозможи на жените претприемачи да изградат мрежи за соработка, да ги зајакнат своите вештини и да споделат искуства со нивните колешки. Досега вкупно 5.000 жени биле поддржани од оваа програма.

Сподели!
- Advertisement -