Италијанскиот креатор на парфеми Паоло Теренци во Македонија, ексклузивно пред македонската јавност ги промовираше своите брендови

- Advertisement -

Паоло Теренци, италијанскиот креатор на Tiziana Terenzi и V Canto, кои се дел од ниш парфемите, вчера пред очите на македонските блогери, ТВ лица и медиуми покажа како ги создава неговите парфеми.

Промоцијата беше замислена и реализирана како интерактивна работилница, еден вид мастер час со присутните гости.

- Advertisement -

Паоло Теренци преку комуникација ги запознаваше и за секој од нив креираше парфем кој одговара на неговиот карактер.

Неговата филозофија е дека убавината треба да биде компонирана. Преку начинот на кој ги промовира парфемите, ја раскажува семејната историја и традиција, на која што е многу горд, истовремено, делумно го открива процесот на создавање на крајниот производ, мирисот кој претставува ново сензорно искуство на неговите гости.

- Advertisement -

Приказната на брендот Tiziana Terenzi почнува од 1968 година, но истoријата на создавање мириси датира многу порано, кога Гиљермо Теренци и Луџија Манчинин Теренци го основале семејниот бизнис, кој го наследува таткото на Паоло Теренци, Евелино. По неговата смрт, традицијата за создавање на парфеми ја продолжуваат Тицијана Теренци, која е дизајнер на целиот имиџ на брендот и Паоло Теренци, кој е креатор на сите мириси во овој бренд.

Секој парфем е изработен од природни состојки, многу внимателно одбрани за време на сите негови патувања. Во неговата библиотека на мириси, има од 200 до 300 кои ги употребува постојано, правејќи нова компзиција на мириси на кои никој не останува рамнодушен. Во 2012 година, заедно со неговата сестра Тицијана создаваат нивни лиценциран бренд, а во 2014 година еден од брендовите беше номиниран за престижните Fifi Awards.

- Advertisement -

Aсортиманот на Terenzi можете да го најдете во парфимериите Аnabella во хотелот Mериот и во Cosmo City Mall.

(hybread.com)

Сподели!
- Advertisement -