Lenovo го претстави првиот компјутер во светот со флексибилен екран

- Advertisement -

За телефоните со флексибилен екран последните неколку месеци се зборува доста, а Samsung и Huawei веќе ги шретставија првите такви уреди. Но, најголем дел од технолошките новинари останаа прилично зачудени кога од Lenovо им го понудија на проба првиот компјутер во светот со флексибилен екран.

Станува збор за уред кој е прв чекор кон иднината во која компјуетрите, како и телефоните ќе имаат екрани кои се виткаат, но со оглед на моменталната ситуација со Samsung Galaxy Fold, јасно е дека треба внимателно да се прогнозира и да помине повеќе време пред компанитие да ги усовршат своите производи.

- Advertisement -

За новиот компјутер на Lenovo уште не се познати многу детали. Се знае дека ќе биде дел од серијата ThinkPad X1, но не е познато неговото име. Ќе има процесор на Intel, но не е познато кој процесор, ниту количината работна меморија или капацитетот на SSD. Нема конкретни податоци ни за батеријата, освен та дека планот е да трае еден цел работен ден.

Прототипот кој го испробаа новинарите од познатите технолошки портали има OLED  екран од 13,3 инчи со размер на страните 4:3. Екранот е осетлив на допир, а од Lenovо го замислиле како класичен компјутер поврзан со дополнителна тастатура, односно како преносен компјутер со виртуелна тастатура. Кога ќе се стави на маса и ќе се превитка, долниот дел од екранот се користи како тастатура, додека на горниот дел од екранот се прикажуваат содржините. Освен како виртуелна тастатура, долниот дел се користи и како виртуелна подлога на која се пишува со пенало.

- Advertisement -

Копјутерот доаѓа и со сталак кој може да се извлече од задната страна за да може самостојно да стои на подлога, да може да се користи како голем таблет и кога малку ќе се превитка, да се користи како дигитална книга. Можностите за користење се навистина големи  и зависат од корисничките потреби и желби.

Бидејќи технологијата за слексибилни екрани уште не е усовршена, така и екранот на Lenovо има недостатоци како лоша видливост од страна, променливи бои ако се гледа од страна итн., но со оглед на тоа дека ќе се најде во продажба во текот на идната година, Lenovo има доста време за да го унапреди и усоврши.

Сподели!
- Advertisement -