Starlink и Deutsche Telekom лансираат сателитска мобилна мрежа во Европа

- Advertisement -

Американската сателитска услуга Starlink, во сопственост на најбогатиот човек во светот, Илон Маск, објави партнерство со Deutsche Telekom за заедничко лансирање на сателитска мобилна услуга во Европа, која се очекува да започне со работа во 2028 година.

Новата услуга ќе овозможи мобилна комуникација во области каде што изградбата на класична мрежна инфраструктура е тешка, како што се планинските региони и заштитените области.

- Advertisement -

Целта на проектот е да се прошири покриеноста на мобилниот сигнал без потреба од изградба на базни станици.

Ова ќе биде првата европска мобилна мрежа базирана на сателитите Starlink од втората генерација, познати како V2.

- Advertisement -

Сателитите за кои станува збор овозможуваат директна широкопојасна комуникација со мобилни телефони, вклучувајќи пренос на податоци, гласовни повици и пораки.

Новата генерација сателити има значително повисоки перформанси, вклучувајќи до 100 пати поголема густина на податоци по сателит, 16 пати повеќе антени и до 20 пати поголем капацитет за пренос на податоци во споредба со претходната генерација, објавува Wirschaftsvohe.

- Advertisement -

Услугата ќе биде достапна во десет европски земји, имено Германија, Австрија, Полска, Унгарија, Чешка, Словачка, Грција, Хрватска, Црна Гора и Северна Македонија.

(Telegraf Biznis/CNBC)

Сподели!
- Advertisement -