Во Сараево се гради највисоката кула на Балканот

- Advertisement -

Групацијата Avaz го претстави својот нареден проект Avaz Ski Tower, која со своите 250 метри ќе биде повисока од Авалската кула во Белград, која е висока 204 метри. Кулата на Avaz во Сараево со своите 176 метри е втората највисока на Балканот, меѓутоа рекордот од 204 метри ќе биде соборен.

Според проект на компанијата ADS Studio, во Сараево наскоро почнува изградбата на облакодерот Avaz Ski Tower, вреден 100 милиони евра, кој ќе има 50 ката и ќе биде висок околу 250 метри.

- Advertisement -

Како што велат од компанијата Avaz, го подготвуваат теренот за градење затоа што освен купените парцели има дополнително земјиште во близина на веќе постојната кула на Avaz, а набрзо се очекува да почне изградбата. Инвеститор во проектот е групацијата Avaz и подготвени се да работат сами, но саккаат да најдат некој силен ко-инвеститор.

Оваа кула со содржините околу него ќе биде уникатен и мултифункционален кондоминиум. Планирано е кулата да има канцелариски простории, станови за продажба, хотел и ротирачки ресторан на покривот. Во подножјето би имало шопинг центар со продавници до 60 м2. Предвидена е и гаража зад кулата со 500 паркинг места.

Сподели!
- Advertisement -