Уште повеќе се влоши ситуацијата за Huawei поради американската забрана

- Advertisement -

Ситуацијата за Huawei станува се полоша секој ден, а откако Google одлучи да ја прекине соработката со нив, примија нов голем удар од компанијата ARM Holdings, која исто така ќе ја прекине соработата со нив. Исто така, британските телеком оператори Vodafone и EE ја откажаа продажбата на Huawei Mate 20 X 5G, кој требаше да биде еден од првите мобилни уреди со поддршка за мобилните мрежи од петтата генерација достапен во Велика Британија. Наместо телефонот на Huawei, корисниците кои меѓу првите сакаат да купат телефон со поддршка за 5G ќе мора да почекаат на некој од телефоните од конкурентските компании.

Но, многу потежок удар со далекусежни последици е прекинот на соработката со ARM, поради кој ARM ќе изгуби голем дел од заработката, а Huawei барем привремено ви моел целосно да прекине со производство на мобилни уреди затоа што технологијата на ARM е неизоставен дел од процесорите кои се наоѓаат во паметните телефони. Тоа значи дека со повлекување на нивната лиценца за Huawei, кинеската компанија повеќе нема да може да прави сопствени чипови за паметни телефони.

- Advertisement -

Некои медиуми одамна пишуваа дека Huawei веќе се подготвува за сценарио во кое нема да може да го користи оперативниот систем Android и затоа со години работи на развојот на свој оперативен систем, но прекинот на соработката со ARM значи дека нема да може да развива сопствени процесори затао што им е потребна лиценцата на ARM.

Решението е инвестирање големи ресурси во развој на сопствени хардверски и софтверски решенија со кои во некоја блиска или далечна иднина сите телефони, но и другата кинеска електроника би била целосно „made in China”. Сепак, секогаш постои опцијата да се реши проблемот со Американците и работите да се вратат на старо, но последната недела беше направена неизмерно голема штета на бизнисот, но и на угледот на кинеската компанија.

Сподели!
- Advertisement -