Овие четири земји ја користат енергијата од водородот на иновативни начини

- Advertisement -

Ова се четири земји кои ја користат енергијата од водородот на иновативен начин. Германија ги претстави првите возови во светот кои како гориво користат водород. Од моторите на тие возови се испуштаат само пареа и вода, а можат да поминат дури 1.000 км со наполнет резервоар со водород.

Шкотска планира да ги направи првите параброди кои како гориво ќе користат водород. Тие параброди ќе возат до островите Оркни и ќе помогнат да се намали емисијата на јаглерод диоксид.

- Advertisement -

Јапонија бројот на станиците за полнење водород од 8 да ги зголеми на дури 35 до 2020 година. Така луѓето кои возат возила на водород во Токио каде и да се наоѓаат да бидат на само 15 минути од најблиската станица за полнење. Така ќе успеат да создадат едно зелено општество до Олимписките игри во 2020 година.

Англија претстави двокатен автобус кој вози на зелена енергија од водород наместо на дизел гориво. Лондонскиот градоначалник, Садик Кан, си зададе задача да го исчисти загадениот воздух во градот.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -