Нов проблем – Huawei повеќе не може да користи microSD картички

- Advertisement -

Забраната на САД која се однесува на Huawei доби уште една последица – кинеската компанија повеќе не може да користи microSD картички. Huawei повеќе не е член на SD Association, трговската групација која ги договара стандардизираните спецификации на SD и microSD картичките. Со други зборови, на Huawei повеќе не му е дозволено да нуди поддршка за SD и microSD картички во своите идни мобилни телефони и лаптопи.

Од SD Association потврдија дека Huawei повеќе не е член на групацијата поради наредбите кои ги издал американскиот претседател Доналд Трамп, а тоа е најновиот удар за кинеската компанија. MicroSD и SD картичките и понатаму ќе работат во постојните уреди на Huawei, но компанијата нема да може да го користи стандардот за идните производи.

- Advertisement -

Претходно соработката со Huawei ја прекинаа компаниите Google, ARM, Intel, Qualcomm и Broadcom. Wi-Fi Alliance, алијансата која поставува Wi-Fi стандарди во иднустријата, привремено го ограничи членството на Huawei поради забраната од САД, а Huawei доброволно ја напушти групацијата JEDEC, која ги стандардизира RAM спецификациите.

Проблемот со SD и microSD картичките не е најголемиот проблем за Huawei затоа што компанијата се подогтвуваше за тоа и ја има сопствената Nano Memory Card картичка, која е физички помала од стандардните microSD картички.

Сподели!
- Advertisement -