Оваа машина шишињата за пиво ги претвора во песок за неколку секудни

- Advertisement -

Оваа машина може да рециклира шишиња и да помогне да се спасат плажите, односно песокот од плажите во светот. Рециклирањето се одвива за неколку секунди – едно стаклено шише за пиво пред ваши очи исчезнува и од него останува само песок, кој се користи како замена за вистинскиот.

Пиварницата DB Export од Нов Зеланд ја создаде машината за рециклирање Beer Bottle Sand, која со помош на вакуум го отстранува силиконскиот прав и пластичните етикети, а потоа шишињата ги претвора во песок сличен на вистинскиот.

- Advertisement -

Од едно шише од 330 мл се добива околу 200 грама песок. Песокот потоа може да се користи во градежништвото. Од компанијата велат дека машината може да рециклира речиси секаков вид стакло.

Сподели!
- Advertisement -