Бразилскиот производител на козметика Natura најави аквизиција на британски Avona, со што ќе се формира глобален козметички гигант со директен пристап до потрошувачите. Според понудата на Naturа објавена вчера, Avon вреди 3,7 милијарди долари. Вредноста на двете компании заедно ќе изнесува приближно 11 милијарди долари.
Компанијата која ќе настане со спојување на Avon и Naturа ќе има повеќе од 6,3 милиони консултанти и аквизитери и 3.200 продавници во 100 земји во светот. Со купување на британската компанија со 133 години традиција бразилскиот козметички гигант, кој е најпознат во Латинска Америка, ќе го прошири глобалниот досег. Во негова сопственост се австралискиот Aesop, како и Body Shop, која претходно беше во составот на групацијата L’Oreal.
Avon е компанија основана во 1886 година во САД и беше пионер во продажбата на козметика од врата до врата. Во последно време настојуваат да ја модернизираат трговијата бидејќи продажбата од врата до врата наиде на криза во време кога цвета продажбата преку Интернет. Во 2016 година компанијата го пресели седиштето од Њујорк во Велика Британија и укинаа 2.500 работни места ширум светот во рамките на програмата за преструктурирање.