Испратете го своето име на Марс со новиот ровер на НАСА

- Advertisement -

Американската вселенска агенција НАСА им овозможува на сите кои сакаат да го испратат свото име на Марс. НАСА ги повика заинтересираните барем на симболичен начин да бидат дел од мисијата на Марс во 2022 година, кога ќе биде лансиран роверот.

Примарната мисија на роверот е на НАСА да и даде одговор на фундаменталното прашање – дали има живот на Црвената планета? Роботот опремен со разни алати и инструменти на научниците ќе им помогне да заклучат дали имало живот на Марс, а покрај тоа, ќе ја дупчи површината на планетата и ќе собира примероци од прашината на Марс. Потоа тие примероци ќе ги остави на тлото за друго вселенско летало да ги собере и да ги врати на Земјата.

- Advertisement -

Додека роверот го прави тоа, вашето име може да биде на него. Сите кои ќе го внесат своето име на овој линк до 30 септември годинава може да бидат сигурни дека инженерите на НАСА во Лабораторијата за млазен погон со ласери ќе ги изгравираат нивните имиња на чип, кој роверот потоа ќе го понесе на Марс. Имињата ќе бидат многу мали, така што на еден чип може да се стават повеќе од 1 милион имиња.

Сподели!
- Advertisement -