Lenovo го претстави првиот 5G лаптоп во светот

- Advertisement -

Lenovo и Qualcomm на саемот Computex 2019 претставија прототип на 5G лаптоп со назив Project Limitless. Лаптопот работи на платформата Snapdragon 8cx 5G на Qualcomm и е првиот во светот кој во себе содржи модем Snapdragon X55 5G преку кој може да се поврзува на супербрзи 5G мрежи.

Платформата Snapdragon 8cx беше претставена во декември минатата година и доаѓа со осумјадрен процесор Kryo 495, кој работи на 2,8 GHz и е направена на 7nm архитектура. Има 10 MB кеш, поради што би требало да биде енергетски поефикасна од преходникот Snapdragon 850.

- Advertisement -

Од Lenovо изјавија дека уредот е дизајниран да ги задоволи сите потреби на корисникот во поглед на брзината, вклучувајќи брз пренос на податоци, стриминг во 4K, 8K, AR и VR содржини и видеоигри. Лаптопот би требало од прототип да премине во финален производ во текот на 2020 година.

Сподели!
- Advertisement -