- Advertisement -
Управата за јавни приходи информира дека ќе им овозможи на граѓаните да ја потврдат или коригираат претпополнетата годишна даночна пријава во текот на викендот, 1 и 2 јуни.
Ова од причина што крајниот рок за добивање статус на конечни даночни пријави е во неработен ден, согласно на што на на 3 јуни, понеделник, годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави според последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана.
Пријавите коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени или коригирани ќе бидат службено потврдени.
- Advertisement -