Boksy, е-библиотека достапна за сите А1 пост пејд корисници

- Advertisement -

А1 Македонија оди чекор понатаму во збогатувањето на продуктното портфилио и ја става на располагање Boksy – првата апликација во Македонија за читање и слушање книги, наменета за сите возрасти со попуст за сите пост пејд корисници.

Со Boksy, А1 корисниците добиваат пристап до илјадници книги за возрасни и за деца, 2 профили (за возрасен и за дете), нови наслови секој месец, месечни награди за најдобрите читатели и неограничено читање во секое време.

- Advertisement -

Boksy содржи книги на македонски, англиски и на албански јазик од македонски и странски издавачки куќи и овозможува корисниците да читаат или да слушаат аудиокниги на своите уреди. Покрај книги, апликацијата исто така содржи и многубројни едукативни квизови, дневни и неделни предизвици, креирање сопствени аватари, како и можност за натпреварување и освојување уникатни награди за оние што најмногу читаат.

Boksy е достапен за активација за сите A1 Постпејд корисници на мобилни и фиксни услуги по цена од 349 денари месечно, а може да се активира преку мобилната апликација Мојот А1, со повик во Контакт центарот на 077 1234 или во сите А1 продажни места.

Сподели!
- Advertisement -