Amazon претстави нова алатка која служи како Shazam за облека

- Advertisement -

Доколку некогаш сте биделе некоја совршена комбинација за облекување и сте се запрашале каде можете да ја најдете и да ја купите, сега тоа можете многу едноставно да го видите со апликацијата која функционира како Shazam за облека. Како еден од најголемите онлајн малопродажни синџири, Amazon разви нова алатка со вештачка интелигенција наречена Style Snap, која им помага на луѓето да си нјадат облека.

Во суштина, Style Snap е како Shazam за облека, а е вграден во мобилната апликација на Amazon. Со помош на новата алатка корисниците ќе можат да ја залуваат фотографијата или да ја прикачат на апликацијата, а Style Snap че им пронајде исти или слични парчиња облека на Amazon.com.

- Advertisement -

Amazon не е единствената која ја нуди оваа услуга. Многу стартап компании нудат нешто слично, вклучувајќи го и модниот онлајн гигант Asos. Amazon досега баш не се покажа како моден гуру. Во 2017 година ја претстави камерата Echo Look, која на корисниците им дели модни совети, но тие не се баш задоволни од овој софтвер,  Сепак, со претставувањето на Style Snap американската технолошка компанија покажува дека нема толку лесно да се откаже од модниот бизнис.

Сподели!
- Advertisement -