Компанијата Google воведе мерач на брзината во својата апликација Google Maps и на своите корисници им овозможи да следат со која брзина се возат во реално време. Опцијата за следење на возењето во реално време може да се вклучи или да се исклучи во менито Navigation Settings во делот Setting, а кога е вклучена, брзината на движење се прикажува во долниот лев агол на апликацијата во текот на патувањето.
Оваа опција е само едно од неколкуте кои пристигнаа на Google Maps откако првобитно се појавија на апликацијата Waze, која Google ја купи во 2013 година. Со новата опција ќе се прикажува и ограничување на брзината како што има на други апликации, како и можноста за дојава на инциденти, која овозможува известување на останатите возачи за сообраќајни незгоди, полициски пунктови, радаи и слично.
Новата опција засега е овозможена во Аргентина, Австралија, Белгија, Бразил, Канада, Чешка, Финска, Германија, Индија, Полска, Холандија, Португалија, Шведска, Тајван, Велика Британија и во САД.