Летачките такси на Uber пристигнуваат во Австралија

- Advertisement -

Познатиот сервис за споделување превоз Uber веќе подолго време работи на развојот на летачки такси Uber Air, а како трет пилот-град после Далас и Лос Анџелес, компанијата го избра австралискиот град Мелбурн за тестирање на летачките такси возила. Тестирањето ќе започне идната година, додека услугата би требало да пристигне за комерцијална употреба до 2023 година.

Од Uber велат дека услугата на почеток ќе нуди транспорт од градскиот бизнис центар до пристаништето, кои се оддалечени 19 километри. Со летачките такси тоа растојание би требало да се помине за 10 минути, додека со автомобил може да потрае и еден час во текот на најголемиот сообраќаен метеж.

- Advertisement -

Uber на развојот на летачките возила работи заедно со НАСА и со американската војска, а за компанијата работат и два производители на авиони – Embraer и Pipistrel Aircraft. Uber развива целосен систем за воздушен сообраќај со такси возила, вклучувајќи и безбедносни мерки, правила и кровни паркинзи за слетување.

Сподели!
- Advertisement -