Huawei развива технологија за автономни автомобили

- Advertisement -

Доналд Трамп и американската забрана нема да го спречат Huawei да се шири на нови пазари. Иако е јасно дека мора да ги намалат очекувањата и амбициите на мобилниот пазар, кинеската компанија има големи планови кога се во прашање автономните возила.

Автомобили кои исклучиво се управуваат со компјутери развиваат многу акерикански компании, но и повеќе кинески компании. Вчера Uber во соработка со Volvo го претстави својот нов автономен автомобил, а веќе за 2-3 години би можеле да се возиме со автомобили кои ќе ги придвижува технологијата на Huawei и вештачка интелигенција.

- Advertisement -

Тоа за медиумите го потврдија и од Huawei. Оттаму потврдија дека ќе соработуваат со производители на автомобили чии идни возила ќе ја користат кинеската вештачка интелигенција. Меѓу партнерите на Huawei е и Audi, кој претстави прототип на возило со кое управува компјутер на Huawei. Тоа возило без проблеми и безбедно се провози по улиците на Шангај.

Освен Audij, Hauwei соработува со GAC Toyotа, компанија која настана од партнерството на Toyotа и кинескиот производител на автомобили Gac Group и со кинеските компании New Energy Automobile и Changan Automobile. Првите конкретни плодови од соработката ќе можеме да ги видиме во 2021 или најдоцна во 2022 година.

Сподели!
- Advertisement -