Ако се оди според планот, летачките такси на Uber Air ќе почнат да летаат во Далас, Лос Анџелес и во Мелбурн во 2023 година, најави компанијата на годишниот самит Uber Elevate. Електричните летачки возила со вертикално полетување VTOL се слични на хеликоптер и ќе можат да превезуваат четворица патници на мала висина од слетувалиштата до делови од градот.
Тест-летовите ќе почнат идната година. Кратките летови за почеток ќе чинат 5 долари по 1 милја, што значи дека едно патување на растојание од 20 милји че чини 100 долари. Со тект на време се очекува цената да падне.
Освен тоа, Uber најави и дека летово планира да почне достава со дрон. За почеток услугата ќе биде достапна во Сан Диего, а бидејќи Uber соработува со McDonalds, веројатно дроновите ќе бидат оптимизирани за достава на помфрит или Big Maс. Од Uber планираат да го претстават дронот годинава и според нив, ќе може да достигне брзина од 112 км/ч.
Uber Elevate revealed its first air taxi cabin design.
Posted by Startup Selfie on Четврток, 13 јуни 2019