Стартапот Orqa од Осијек ја има најбрзорастечката кампања на Kickstarter во Хрватска досега. За помалку од 24 часа Orqa за својот прв производ Orqa FPV.One собра рекордни 1,5 милиони куни или 227.553 долари. Orqa FPV.One, како што ги претстави стартапот, се најнапредните очила за далеичнско управување со дронови во светот, а тоа сегаефективно почна да го потврдуваат и на Kickstarter.
Orqa влагува на пазарот за First Person View (FPV) уреди, кои глобално стануваат се попопуларни поради се поголемиот број дронови и далечински управувани уреди, а со кои корисниците досега можеда да управуваат преку мобилни телефони, таблети и или други уреди.
Тимот од Осијек на повеќе начини покажа дека нема скромни амбиции, вклучувајќи го и името на стартапот. Orqa, односно орка е единствениот вид на кит кој може да убие ајкула. Моментално најпродаваните FPV очила ги произведува кинескиот Fat Shark. Иван Јелушиќ, раководител на операции и Срѓан Ковачевиќ, извршен директор на Orqа, кои соработјата ја почнаа на изработка на ѕиден USB полнач, минатата година со своите очилка победија на натпреварот Idea Knockout и благодарение на тоа го претставија својот производ во Лас Вегас. *