Американскиот Конгрес ја „паузира“ криптовалутата на Facebook

- Advertisement -

Facebook официјално ја претстави својата криптовалута наречена Libra, која ја прави подружницата  на Facebook, Calibra, а ќе се користи за плаќање преку апликациите на Facebook и WhatsApp, а треба да почне да се употребува во 2020 година.

Само неколку часа по објавата претставници од владата и од Конгресот на САД побараа од Facebook да го одложо лансирањето на Librа се додека Конгресот не го испита проектот. Оттаму изјавија дека бараат од Facebook мораториум на какви било понатамошни чекори во развојот на криптовалутата се додека Конгресот и регулаторните агенции не добијат прилика да го испитаат целиот проект затоа што, како што велат, Facebook зад себе има „проблематично минато“.

- Advertisement -

Американските надлежни тела не сакаат да си го дозволат ризикот Facebook да ја стартува криптовалутата без претходна детална проверка. Тоа не значи дека владата на САД е рптови криптовалутата на Facebook, но се чини дека малку ќе одолговлекуваат се додека не им се разјасни какво влијание може да има Libra на американската економија, на даночниот систем и секако, на американските банки.

Сподели!
- Advertisement -