Link се првите чевли во светот кои се исто толку лесни за носење како апостолки, а истовремено се безбедни и удобни како патики. Лесно се обуваат – треба само да ја ставите ногата во нив и да згазнете. Не треба да врзувате врвци или да лепите лепенки, а сепак ќе ги чувствувате цврсто прилепени за нога како да носите патики.
Разликата меѓу Link и апостолките е во тоа што со Link ногата ви е истовремено отворена од сите страни и не ви е топло, а сепак, вашите прсти и целата нога се заштитени. Во внатрешниот дел имаат мека влошка, а надворешниот дел е направен од полиуретанска термопластика.
Од компанијата која ги прави велат дека може да ги носите за пешачење, за возење велосипед, за трчање, за пливање.
It’s not a flip-flop, not a shoe, it’s a flip-shoe.Get it here: http://bit.ly/2IwV0jU
Posted by Startup Selfie on Петок, 21 јуни 2019