НАСА ќе бара живот на Титан, најголемата месечина на планетата Сатурн

- Advertisement -

НАСА ја најави својата нова мисија за истражување на Сончевиот систем во потрага за траги кои би можеле да го објаснат потеклото на човештвото. Вселенската агенција ќе испрати дрон наречен „Вилинско коњче“ на Титан, најголемата месечина на планетата Сатурн.

„Вилинското коњче“ е дрон со големина на возило за голф со четири попелери, а ќе тргне на осумгодишна мисија на Титан во 2026 година. Титан е месечина која орбитира околу гасовитиот Сатурн и е познат по сличностите со раните карактеристики на Земјата и својот потенцијал за истражување и проучување на потеклото на животот.

- Advertisement -

Дронот има нуклеарен погон, а ќе биде првиот дрон способен да лета повеќе од 160 км низ густата атмосфера на Титан. Титан е поинаков од кое било друго место во нашиот Сончев систем и е најсличен со Земјата од далечната историја.

„Вилинското коњче“ ќе го истражува настанувањето на Титан и ќе бара хемиски траги од минат, па дури и од сегашен живот. Ова ќе биде четвртата мисија за истражување на Сончевиот систем во рамките на програмата на НАСА наречена „Нови хоризонти“ („New Frontiers“), односно низа мисии кои ги вклучуваат и сондите лансирани во 2006 година за проучување на Плутон и OSIRIS-Rex во 2016 година за проучување на астероидот Бену.

Сподели!
- Advertisement -